| четврток, 6 декември 2018 |

Десет занимања во кои луѓето најчесто се самоубиваат

virus-ebola-laboratorija-epidemija2-600x450

Понекогаш притисокот на работа, едноставно, е посилен од човекот, а тешките и одговорни работни места со себе повлекуваат и поголема стапка на самоубиства, покажуваат податоците на американскиот Национален институт за професионална безбедност и здравје.

Истражувањето, со кое биле опфатени 100 самоубиства, покажало дека стоматолзите се многу „самоубиствено настроени“, а лекарите уште повеќе, со стапка на самоубиства од речиси 100 отсто над просекот.

Инженерите, финансиерите и адвокатите се, исто така, на листата на „загрозени“ од самоубиства, како и некои работнички занимања што бараат посебни вештини.

Сигурно ќе ве изненади кој е на прво место!

Надолу следува листата на занимања, чијашто веројатност дека нивните носитли ќе извршат самоубиство е поголема од просекот:

19. Научници – 1,28 пати

18. Фармацевти – 1,29 пати

17. Прецизни столарски техничари – 1,3 пати

16. Електричари – 1,31 пат

15. Оператори за топлотна обработка – 1,32 пати

14. Земјоделци – 1,32 пати

13. Стругари  – 1,33 пати

12. Адвокати – 1,33 пати

11. Составувачи на електрична опрема – 1,36 пати

10. Продавачи на недвижности – 1,36 пати

9. Техничари за рачно моделирање – 1,39 пати

8. Градски планери – 1,43 пати

7. Контролори на тешка градежна техника – 1,46 пати

6. Киропрактичари – 1,5 пати

5. Финансиски работници – 1,51 пат

4. Ветеринари – 1,54 пати

3. Стоматолози – 1,67 пати

2. Лекари – 1,87 пати

1. Бродомашински техничари – 1,89 пати

Овој листа се однесува на мажите, бидејќи за нив постои најголема база на податоци.

Кај жените, професија што накмногу поттикнува на самоубиство е лекарската (2,78 пати поголема од просечната), потоа работи поврзани со продажба (2,42 пати над просекот) и полициската (2,03 пати поголема од просекот).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top