Торбата за на плажа не треба да биде скапа за да биде модерна и практична, а овогодишниот избор е навистина богат и разновиден. Од платнени торби, преку ранци, спортски, лежерни, дамски.
Иако торбата за плажа прво е потреба, таа, исто така, може да се усогласи со вашиот костим за капење, туника, пешкир, очила за сонце, шапка и да биде преубав моден додаток.
Добриот избор на торба за плажа може да трае со години, но, од друга страна, може да ја менувате торбата секоја година во зависност од костимот за капење или некој друг моден додаток. Сепак, имајте на ум дека не одбирате само торба за плажа според вашиот вкус, туку дека таа треба да собере многу работи кои се потребни за целодневно уживање на сонце.
Оваа сезона се популарни повеќе модели.
Торби со линии
Оваа година тие се во тренд, без разлика на дебелината или видот на линиите. Не е важен ни материјалот од кој се направени. Најчесто може да се најдат во сино-бела или во црвено-бела комбинација, но не се исклучени и другите бои.
Торби со цветен дезен
Торбите за плажа секогаш се одраз на моменталната мода. Цветните дезени се преселија и на торбите за плажа и изгледаат прекрасно, весело и модерно.
Еднобојни торби
За тие што не сакаат шаренило, еднобојните или двобојните торби за плажа имаат своја привлечност, па дури и спортска префинетост.
Плетени торби
Плетените торби се хит веќе неколку сезони и, се чини, дека овој тренд ќе продолжи. Освен тоа, најчесто се многу издржливи и практични.
Торби со разни додатоци
Како што најчесто се случува со трендовите, идеи има многу, а додатоци уште повеќе. Најважно е да одберете нешто што вам ви прилега и што најмногу ви се допаѓа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст