Турската полиција спроведува голема антитерористичка операција во Истанбул, насочена против групата „Исламска држава“ и младински структури на Курдската работничка партија (ПКК), јави турската приватна телевизија НТВ.
Полицијата е поддржана од воздух од хеликоптери на полицијата. Во неа се вклучени претставници на специјалните сили и силите за брзо реагирање на полицијата во Одрин и во Бурса.
Операцијата истовремено е почната во повеќе квартови на градот, меѓу кои во Окмејдан, Султангази, Сариер и други.
Според полициски извори, акцијата се спроведува на повеќе од 100 адреси, за кои се верува дека се поврзани со ИД и курдските бунтовници. Во операцијата учествуваат околу 500 полицајци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.