| четврток, 6 декември 2018 |

Грција сѐ уште не побарала помош од ММФ

mmf

Шефот на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Грција можеби нема да им се приклучи на претставниците на другите две институции од кредиторите, кои викендов пристигнуваат во Атина, каде што ќе почнат разговорите со грчките власти за третата финансиска помош од 82 до 86 илијарди евра, соопшти портпаролот на ММФ Гери Рајс.

Рајс рече дека ММФ не може да ја разгледува третата финансиска помош, сѐ додека Грција не ја побара, а Атина досега не поднела барање.

Тој, исто така, додаде дека ММФ мора прво да направи детална процена на финансиите и на економијата на земјата, пред да може да почне преговори за финансии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top