| четврток, 6 декември 2018 |

Турски борбени авиони извршија напади врз позиции на ИД

Турски борбени авиони Ф-16 бомбардираа три цели на групата Исламска држава во Северна Сирија рано изутринава, се наведува во соопштение на кабинетот на премиерот Ахмет Давутоглу.

Воздушните напади се извршени малку пред 4 часот по локално време од турскиот воздушен простор. Во нападите се уништени три објекти на ИД, пренесе МИА.

Нападите се извршени ден по престрелката меѓу турски војници и џихадисти преку границата со Сирија, наведува ДПА.

Вчера беше објавени дека Турција дозволува на САД да ја користат базата Инџирлик за напади врз ИД.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top