| четврток, 6 декември 2018 |

Ципрас: Борбата на грчкиот народ нема да биде залудна

siriza cipras

Грчкиот премиер Алексис Ципрас синоќа истакна дека борбата на народот нема да биде залудна и оти „демократскиот патриотизам на тие што се противеа за време на седумте години диктатура во Грција ќе биде водич за враќање на суверенитетот на земјата, кој беше загубен како резултат на економската криза“.

– Денес, 41 година по падот на диктатурата на полковниците, наметната од странство, им одаваме чест на борците што биле затворени, се бореле и се жртвувале за да може демократијата да се врати во нашата земја – рече тој.

Ципрас зборуваше на меморијален настан за одбележување на 41-годишнината од падот на воената диктатура во Грција (1967-1974), во организација на Здружението на заробените и прогонетите борци на отпорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top