| четврток, 6 декември 2018 |

Зголемен сообраќајот на патиштата, на границите без подолги задржувања

granica-grcija-540x320

 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од АМСМ.

 

На сите патни правци на кои се извршуваат градежни зафати, има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.

 

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

 

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top