| четврток, 6 декември 2018 |

Лимани за Алсат М: Ги извадивме оружјата за да ги заплашиме

Бајрам Лимани, в.д. претседател на разгранокот на ДУИ во Куманово,кој е еден од  учесниците  во инцидентот во кој животот го загуби Џемаил Реџепи, за телевизијата „Алсат М“ изјави дека тој и неговиот придружник посегнале по оружјето во самоодбрана.

largea_bajram1434315962_635050448

– Бевме на работното место, како вршител на должноста претседател на разгранокот на ДУИ во Куманово, заедно со моите придружници кои беа таму. Оваа група влезе на работното место и не нападна, сакаа да ми ги искинат документите и досиејата што ги имав пред себе. Не нападнаа со столчиња, со тупаници. Ние бевме принудени да го браниме нашето достоинство и ги извадивме оружјата за да ги заплашиме. Мојот придружник пукаше во воздух за да ги оттргне, но тие не се повлекоа. Тројца го нападнаа него, тројца или четворица мене и при физичката пресметка можно е да испукало некој куршум од пиштолите. Ние не сторивме ништо намерно. Што се случи ние не знаеме, бидејќи по неколку минути тепачка го напуштивме местото на настанат. Настанот е снимен и со камери, значи постојат снимки со кои можат да видат и да утврдат и органите на правдата и јавноста, и во Македонија и надвор од неа, дека многу ни е жал, но ништо не се случи по наша вина и одговорност – рече Лимани .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top