| четврток, 6 декември 2018 |

Каде беше ликвидиран Џемаил Реџепи, алијас Командант Шипоња?

Командантот на УЧК, Џемаил Реџепи, познат како Командант Шипоња, денес околу 16 часот бил ликвидиран од автомобил во движење во кумановската населба Бедиње, каде што седел со неговиот братучед Шефки Реџепи и Гани Демири.

ubien-komandant-uck-1

Според првичните информации до кафулето се доближил „мерцедес“ со зелена боја во кој биле напаѓачите. Напаѓачите пукале од прозорец додека автомбоилот бил во движење кон масата на кој седел Реџепи, пишувa „Вечер“.

Џемаил Реџепи бил погоден со неколку куршуми и починал на самото место додека неговиот братучед Шефки Реџепи и Гани Демири се ранети. Тие се пренесени во скопскиот Клинички центар и засега нема информации околу нивната состојба.

ubien-komandant-uck-2

СВР Куманово трага по лица кои учествувале во тој вооружен инцидент и се работи на целосно расчистување на случајот.

Џемаил Реџепи алијас „Командант Шипоња“ е член на ДУИ и кандидат за претседател на локалниот огранок на партијата од Липково и противник на Бајрам Лимани кој беше именуван за претседател директно од Мала Речица, односно од лидерот Али Ахмети. Неговиот избор предизвика револт кај локалното членство и затоа веќе три месеци не можат да се одржат внатрепартиски избори.

ubien-komandant-uck-3

Вечер“ повикувајќи се на неофицијални информации пишува дека Џемаил Реџепи, кој  воедно е е учесник во воениот конфликт во 2001 година и бил инструктор во 113 бригада во кафулето каде беше ликвидиран требало да се сретне токму со Лимани.

ubien-komandant-uck-4

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top