| четврток, 6 декември 2018 |

МАН: Надлежните да реагираат на заканите на Героски

Од Македонската асоцијација на новинари (МАН) денес остро ги осудија и побараа надлежните институции да реагираат на заканите на Бранко Героски.

mannn-650x375

МАН реагира по повод исказите на уредникот на Героски во кој вели „ќе го користам правото од евентуални напади да се бранам со сите законски начини, вклучително и со пиштол.“

– Со овој исказ Героски јавно се заканува со оружје што е кривично дело, а е новинар.и повикуваме надлежните институции да реагираат на заканите на Героски – велат од МАН.

Воедно МАН по реакцијата на Здружението на новинари за нападот врз сопстевникот на порталот Марјан Стаменковски ги повика претставниците на ЗНМ да  ги прочитаат медиумските закони според кои лицата кои работат на интернет портали не се новинари.

Како што велат од Асоцијацијата, истите не се новинари само поради интервенцијата на ЗНМ за промена во законската регулатива во оваа насока.

МАН уште еднаш апелира дека треба да сопре било какво насилство врз новинарите на што сме сведоци извесен период.

Инаку, заканите на Героски се последни во низата напади врз новинари. Во последниот период македонската јавност беше сведок на повеќе вербални и физички напади врз новинари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top