| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска преплавена од туристи, слободно место дури во октомври

Хрватските медиуми пишуваат дека туристичката сезона оваа година руши рекорди, а шпицот на сезоната сè уште не е почнат.

hrvatska

 

Според медиумите, хотелите ги запреле резервациите за сезонава, затоа што според директорот на еден хотел во Макарска слободни кревети имаат дури за 29 септември. Иако се забележува помал број на туристи од Русија, Украина и Полска, овој пад е надополнет со гости од Германија и скандинавските земји. За тоа делумно се виновни грчката криза и терористичкиот напад во Тунис.

Рекордните гужви за јули се забележани минатиот викенд на автопатите, аеродромите и траектите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top