| четврток, 6 декември 2018 |

Убиениот во Куманово е Џемаил Реџепи, командант и член на ДУИ

Во вооружениот инцидент кој попладнево се случил во Куманово бил убиен Џемаил Реџепи, познат како командант Шипоња, јави телевизијата „Телма“.

policija-2

Според првичните информации на „Телма“ тој е застрелан додека бил во кафе бар во кумановската населба Бедиње. Во Реџепи и во уште двајца кои биле во негово друштво е стрелано со автоматска пушка од автомобил во движење.

Џемаил Реџепи е еден од кандидатите за претседател на огранокот на ДУИ во Куманово.На масата кон која било пукано со Реџепи биле и Шефки Реџепи и Гани Демири. И двајцата се повредени.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top