Претседателот на Русија Владимир Путин наводно му понудил место во министерството за економија на поранешниот премиер на Италија Силвио Берлускони, пишуваат медиумите.
Италијаната „Ла стампа“ пишува дека медијскиот магнат и некогашен претседател на фудбалскиот клуб Милан на прашањето за својата иднина изјави дека ќе стане министтер на својот пријател Путин.
– Во Италија сум маргинализирран, а Путин ми вели дека е спремен да ми понуди руско државјанство и да ми овозможи да го водат министерството за економија – изјави Берлускони.
Сепак, многу италијански аналитичари се скептични на изјавата на контроверзниот политичар. Еден од нив дури целата приказна ја нарекол „петминутна глупост“.
Руска „Газета“ пишува дека нема место министер за економија во кабинетот на премиерот Дмитри Медведев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст