| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската возачка „вози“ во уште пет држави

Министерството за внатрешни работи на Македонија склучи договори за реципрочно признавање на возачките дозволи со Италија, Шпанија, Албанија, Србија и Црна Гора.

vozacka dozvola

Врз основа на Виенска конвенција за патен сообраќај од 1968 година, меѓусебно признавање на возачките дозволи има и со Бугарија, Хрватска, Словенија, Романија, Унгарија, Кралство Белгија, како и со Австрија (Б категорија), соопшти денеска МВР.
Во тек е постапка за договори за признавање на возачките дозволи и со Косово, Турција и Германија, а до останатите земји од Европа (32) е доставено барања за произнесување за реципрочно признавање на возачките дозволи согласно Виенската конвенција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top