Швајцарскиот институт за генетика ИГЕНЕА дава податоци за генетското потекло на балканските народи, кое е сериозен удар врз сите националсити што се колнат во чистотата на своето потекло, и тоа го сметаат за врвен критерум дали некој е пожелен или не..
Швајцарците истражувале повеќе од десет години користејќи обемна литература од околу 500 научни извори и современи научни методи, немајќи притоа интерес на каков било начин да се занимаваат со политичките последици од своите анализи. Гледано од стручен аспект, нивните колеги овие резултати ги сметаат за повеќе од 80 проценти релевантни што, за генетиката, е повеќе од доволно за истражувањата да се прогласат за успешни.
Заклучоците се следниве (детално дадени и во графичкиот приказ):
МАКЕДОНЦИ се нација, која, според овој институт, има во најголем дел антички ген, дури 30 проценти. Потоа се 20 проценти Тевтонски (Тевтонски, старо германско племе), и по 15 проценти словенски и хеленски корени. Нашиот ген, меѓу другото, содржи и 10 проценти илирски корени. Според бројките, Македонците најмногу ДНК-сличности имаат со Грците и со Србите, а нагласени разлики со Бугарите и со Албанците.
СРБИ, кај нив најмногу – 30 проценти има словенски корени, а потоа 21 процент илирско потекло. Овде треба да се има резерва во илирскиот дел на генот бидејќи истражувањата се почнати во време кога Косово се сметало за дел од Србија, па околу осум проценти од покажаните 21 процент илирско потекло отпаѓа на косовските Албанци. Интересно е дека овие ДНК-резултати покажуваат релативно мала генетска сличност на Србите и на Хрватите, кај кои освен словенското потекло од 20 проценти, доминира ДНК на Илирите со 34 проценти, и далечните Келти со 18 проценти во хрватскиот ген.
АЛБАНЦИ , тие се според етничката ДНК во најголем дел Илири, околу 30 проценти, а потоа 20 проценти Словени и 18 проценти Тракијци. Изненадувачко за националстите и приврзаниците на чисти народи е дека Албанците имаат многу повеќе словенско потекло од Македонците. Тие според овие ДНК резултати се послични на Бугарите и на Хрватите, отколку на Македонците, Србите или Грците.
– Потеклото и етничкото наследство се сложени теми и области. На прв поглед ова истражување површно гледано нагласува разлики на одредени етнички групи. Меѓутоа, стручно гледано резултатот го кажува спротивното, дека нема чисти нации , изјавила извршниот директор на институтот ИГЕНЕА Имна Пазос за НИН.
– Ги анализиравме генетските карактеристи на племињата од денес до далечното минато, а не политичка или историска патека на тие племиња. Тоа е исклучително важно да се направи разлика меѓу генетиката, историјата или антропологијата. Сите овие научни гранки можат да бидат од заедничка корист, но генетиката не може да ја потврди теоријата која е променлива зависно од времето и потребите. Бројките кои ги добивме претставуваат просек на сите студии, согласно податоците и примероци кои ги собравме. Ние не покажуваме гени, туку профили и развој на факти и сличности низ долгата историја – објаснува Пазос.
Во графичкиот приказ се објавени резултати за народите од поранешна Југославија и Албанија. Но, ако се погледнат резултатите од истражувањето и за соседните народи ќе се види дека само пет проценти од потеклото на денешните Грци е античко, наспроти 30 проценти античкото потекло на Македонците. Грците се доминантно хеленски народ со 30 проценти хеленски ген, и околу 20 проценти словенско и феникиско потекло.
Бугарите кои толку многу се повикуваат на своето словенско потекло, според оваа студија, дури 49 проценти се Тракијци, народ со индоевропско потекло, кое доаѓа од Турција, Романија и од северна Грција, а има големо генетско влијание од освојувачките татарски племиња. Словени се само 15 проценти, а хеленско и античко потекло имаат 11 проценти. Остатокот се Феникијци.
Генетскиот профил на Турција е составен од девет племиња. Феникијци, Бербери, Хелени, Тевтонци, Словени, Арапи, Евреи и Илири. Русите се доминантно, повеќе од 50 проценти Словени, додека етничките Германци, кои војни водеа за чистотата и доминацијата на своето потекло, се 45 проценти Келти, 25 проценти Тевтонци, 20 проценти Словени и 10 проценти Евреи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


