| четврток, 6 декември 2018 |

Без Суперлига во кошарката, директно во плејофот

Денешниот состанок на челниците на МКФ што денеска го имаа со кошаркарските прволигаши донесе бурни реакции за неколку теми, а главната била укинување на Суперлигата од шест екипи и воведување нови пропозиции.
Имено, според новите пропозиции, бројот на прволигаши се намалува од десет на осум, при што екипите ќе играат четворокружно, по што директно ќе следи плејоф и разигрување за титулата.

На состанокот раковдството на МКФ покренало иницијатива за намалување на бројот на странски кошаркари во домашниот шампионат, но тоа веднаш било одбиено од поголемиот број на екипи, кои впрочем ова правило беше донесено на иницијатива на тимовите минатата година.

Останува во следниот период да се утврдат и останатите детали за новата натпреварувачка сезона, која ќе стартува на 1 октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top