| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е идеално време за секс кога надвор е ваков пекол

Секс на овие жешките летни температури, за повеќето луѓе не е баш најдобра идеја на светот, но научниците велат дека напротив, ова годишно време е совршено за секс. Меѓутоа, за навистина да уживае, од суштинско значење е да се погоди вистинскиот момент.

– Мора да се прави разлика меѓу лето во градот и лето на море. Се разбира дека на одмор сите се порелаксирани и и порасположени за секс, но во градот ситуацијата е сосема поинаква. Работите, се возите, исцрпени сте и не ви е до ништо. Постојат неколку моменти во кои луѓето, генерално, најчесто се расположени за секс – вели за „24.сата.рс“ д-р Сава Бојовиќ, сексолог.

Утро

Пред да заминете на работа, пред да станете од кревет да се туширате – тоа за многу луѓее  совршеното време. Температурите се уште се пријатни, а можете да го вклучите и клима уредот. Двајцата веќе сте во кревет, така што не бара многу време. Проблемот што ова време најчесто е идеално за мажите, кои тогаш се природно возбудени), но не и за жените.

По туширање

Можеби пологично е да се има секс пред туширање, бидејќи ќе се испотите, но и сами знаете дека по туширање се чувствувате многу посвежо, подобро, поубаво и одморено, па затоа баш ова е времето што треба да се користи за играње со вашиот партнер, вели д-р Бојовиќ.

Ако не ви се допаѓа оваа идеја, секогаш може да се туширате заедно и така да си го разубавите и својот и денот на вашиот партнер.

Вечер

Сепак, најпопуларно и најдобро време за секс е ноќта. Луѓето не за џабе водат љубов најчесто кога сонцето е зајдено.

– Ноќта беше и остана резервирана за водење љубов, па тоа важи и во лето. Температурите се пријатни и тогаш најприродно се наметнува таа сексуална атмосферата. Тоа не значи дека не треба да се експериментира и да се пробаат други работи – вели докторот.

Преку ден

Тогаш едноставно на никој не му до тоа, дури ни кога сте на на море, па овој дел од денот заслужено го зазема последното место.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top