Скопскиот автобус прошета до Белград за таму дедо да фати тинејџерка за задник. Тетката што со гаќи се штити од сонце беше на шпански, руски, бугарски, хрватски плажи, за на крај истата таа да дојде и на охридските плажи и да предизвика чудење кај сите. На крај двете другарки го поминаа целиот свет за во секоја земја да изгорат од силното сонце и во секоја земја да направат исти шари по нивното тело – обележана лажица, трага од панделката од костимот за капење. Тоа е македонското таканаречено новинарство (а богами и пошироко) во битката за што поголема читаност.
Еден портал ќе преземе фотографија од интернет, ќе каже дека се случила кај нас, па како домино-ефект други портали ја земаат и ја објавуваат како вистина, без да се провери веродостојноста, што, барем во денешно време се прави буквално со еден клик.
„Гугл“ веднаш ги препознава фотографиите за кои се тврди дека се од Охрид, Дојран, Скопје… Тие не само што не се македонски, туку не се ни од оваа година.
Првиот пример е токму бабичката и нејзината неславна финта со гаќите, за која се тврди дека е фотографирана во Охрид, од каде што читателка ја испратила до редакцијата.
Веста брзо-брзо беше преземена од низа други портали, а самата фотографија веќе со години се влече на разни веб-страници за забава низ светот, толку многу што веќе ни изворот не се знае.
Другите тука.
Изгорените девојки не се сончаа во Дојран, а нив ги следеше истата судбина како и бабичката.
Тие „прошетаа“ од Мексико, преку САД, Чепка, Русија, па пред некој година „стигнаа“ и на Балканот.
Во различни резолуции тука.
И за крај, лукавиот дедо, кој не е ни од скопски ни од белградски автобус, а за него се пишува и во Кина.
За него повеќе може да погледнете овде.
И без „Гугл“, дека фотографијата не е од тука се препознава по кесата што ја држи девојката во преден план, а второ, и поважно, кај сте виделе скопјанка која така мирно ќе седи додека некој ја злоупотребува?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст










