| четврток, 6 декември 2018 |

Исплатени 52,3 милиони денари за градинарски култури

Министерството за финансии денеска исплати субвенции за градинарски култури во износ од 52,3 милиони денари.

gradinar

Oд министерството за финансии соопштуваат дека средствата се префрлени на сметките на 1.550 земјоделци.

Финансиската поддршка за сите градинарски култури изнесува 1,5 денари по продаден килограм на преработувачките капацитети, освен за пиперка и корнишони каде поддршката изнесува 2,5 денари по килограм.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top