| четврток, 6 декември 2018 |

На која категорија љубители на алкохол припаѓате

Истражувачи од Универзитетот во Мисури проучувајќи го однесувањето на луѓето во текот на консумирањето алкохол заклучиле дека постојат четири категории љубители на чашката.

По испиени неколку коктели или жестоки пијалаци, некои лица стапуваат во контат со непознати луѓе, други бараат конфликт, а некои со часови се смеат без никаква причина.

Две лица можат да испијат иста количина алкохол, а нивното однесување да биде дијаметрално спротивно. Токму со оваа појава се занимаваа американските психолози.

Нивната студија, објавена во списанието „Адикшн рисрч енд тиори“ дојде до заклучок дека постојат четири категории луѓе што пијат алкохол.

Во првата, наречена „Ернест Хемингвеj“, потпаднале 40 отсто од 374 лица што биле опфатени со истражувањето. Станува збор за поединци кои добро поднесуваат алкохол и кои под влијание на алкохолот не ја менуваат личноста.

Во втората, „Мери Попинс“ категорија, спаѓаат тие што по извесна количина алкохол стануваат повесели, подобродушни.

Луѓето што со секоја испиена чашка се повеќе го менуваат своето однесување ја сочинуваат групата „Луди професори“. Обично природно интровертни, овие лица добиваат самодоверба и се подруштвени кога ќе испијат повеќе чаши.

Последната група, т.н. група „Господин Хајд“, се луѓе што под дејство на алкохол имаат тенденција да го загубат умот и стануваат неодговорни и поагресивни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top