| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се справи ли Балканот со имигрантите?

unnamed (2)

Во новиот број на Република ќе читате:

Бегалска криза

Ќе се справи ли Балканот со имигрантите?

Македонија и Западен Балкан се „енклава“ опкружени со членки на ЕУ, па миграцијата потекнува од нив. Затоа е и молкот за мигрантската криза тука. Но, додека заканите од радикалниот ислам во ЕУ доаѓаат директно од воените зони, тука влегува токму од ЕУ. Така, Македонија мора сама да си го брани суверенитетот во време кога не ни може да се претпостави кулминацијата на мигрантскиот бран.

 

Атина во хаос

Скопје нема партнер за преговори

И по­крај тоа што и eвро­ко­ме­са­рот Хан и дел од ма­ке­дон­ски­те ко­мен­та­то­ри на со­стој­би­те сра­меж­ли­во нај­а­ву­ва­ат мож­ност име­то по­втор­но да би­де актуaли­зи­ра­но од сеп­тем­ври до пред из­бо­ри­те во април, пра­ктич­но не по­стои мож­ност тоа да се слу­чи. Ед­но­став­но, ка­ко и во прет­ход­ни­ве 25 го­ди­ни, Ма­ке­до­ни­ја не­ма парт­нер во Гр­ци­ја со ко­го мо­же да дој­де до ко­не­чен до­го­вор при­фат­лив за две­те стра­ни.

 

Опозицијата на полагање

СДСМ има програма само за летување

Та­ман го на­пу­шти­ја кам­пот на сра­мот пред вла­да, се­га од кам­пот во Гр­ци­ја ќе мо­ра­ат да се вра­тат за да на­пи­шат про­гра­ма. А мо­же и од та­му, не­ли. Во игра се че­ти­ри ре­цеп­ти за про­гра­ма: хи­пер­бо­ла, ми­ла­не­зе, ре­сав­ски и бом­ба­шки. Си­те има­ат ма­на. Се ви­ка иде­ја и по­тре­ба од ра­бо­та.

Ekonomija107-pari-740x320-top

Прекроена државната каса

Повеќе пари за капитални проекти и за повисок стандард

Со пре­кро­ју­ва­ње на др­жав­на­та ка­са ќе се обез­бе­дат средс­тва со кои ќе се ре­кон­стру­и­ра­ат сту­дент­ски до­мо­ви, ќе се гра­дат спорт­ски са­ли, ќе се мо­дер­ни­зи­ра­ат учи­ли­шта, ќе се фи­нан­си­ра­ат про­е­кти пре­ку фон­до­ви­те на ИПА.По­го­ле­ми­от при­лив на средс­тва во бу­џе­тот од 14 от­сто во од­нос на ми­на­та­та го­ди­на и за 6 от­сто по­ве­ќе при­бра­ни па­ри од пла­ни­ра­но­то, овоз­мо­жу­ва пре­на­со­чу­ва­ње на средс­тва кон ста­вки што ќе обез­бе­дат по­до­бар жи­вот за гра­ѓа­ни­те, иа­ко во це­лост има на­ма­лу­ва­ње на про­ек­ци­ја­та за еко­ном­ски по­раст, пре­диз­ви­ка­но од по­ли­тич­ка­та кри­за во зем­ја­ва, но и од слу­чу­ва­ња­та во Гр­ци­ја. И над­леж­ни­те и струч­ња­ци­те, но и сто­панс­тве­ни­ци­те се оп­ти­ми­сти де­ка ре­ба­лан­сот е до­бре­дој­ден и по­тре­бен во мо­мен­тов.

Robertina Mircevska rakometarka (3) (Custom)

Интервју: Робертина Мечевска

Ја гледав смртта во очи, сега со цело срце сум со ракометот

Ко­га бев во бол­ни­ца имав те­шко­тии со ди­ше­ње­то, имав бол­ки, еден ме­сец бев во шок-со­ба. Мно­гу те­жок пер­и­од, не мо­жев да се по­ме­стам од ме­сто. По­тоа по­ми­нав две не­де­ли на од­де­ле­ние на тра­у­ма. Имав го­ле­ма под­др­шка од мај­ка ми, од мо­е­то мом­че, мо­ја­та при­ја­тел­ка Мил­ка. Имав под­др­шка од ме­ди­у­ми­те, од мно­гу при­ја­те­ли, слу­шав и чи­тав де­ка си­те се мо­ле­ле за ме­не. И од клу­бот Вар­дар, од ре­пре­зен­та­ци­ја. Го­ле­ма бе­ше под­др­шка­та за да би­дам де­нес тоа што сум, им бла­го­да­рам на си­те што беа со ме­не и што не­се­бич­но ја да­ваа љу­бо­вта за ме­не. Му бла­го­да­рам на це­ли­от ме­ди­цин­ски пер­со­нал во Скоп­је и во Стру­га. Јас це­ло вре­ме бев свес­на, освен пр­ви­те не­кол­ку де­на ко­га бев под се­да­ти­ви. Се гле­дав, зна­ев што се слу­чу­ва, раз­го­ва­рав, но имав го­ле­ми бол­ки- вели Мечевска.

Меческа е бла­го­дар­на на Бог што е жи­ва и здра­ва.

-Благодарна сум на Бог што се­га сум мно­гу по­сил­на, имам мно­гу по­го­ле­ма по­зи­тив­на енер­ги­ја, што гле­дам на жи­во­тот без те­шко­тии, ми­нор­ни се си­те проб­ле­ми. Нај­важ­но е што сум здра­ва. Ам­би­ци­оз­но вле­гу­вам во овој жи­вот што ми е поб­ли­ску до Бо­га отка­ко пад­нав – коментира таа.

 

Новиот број е во продажба од 24 јули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top