| четврток, 6 декември 2018 |

Поради тепачка, сменет државниот секретар во Министерството за култура на Србија

Мирослав Тасиќ: Слушав разни приказни за евентуалните причини за моја смена, а една од нив е и дека својот автомобил сум го паркирал на место кое било предвидено за гости во моментот кога сопругата на претседателот на Србија, Драгица Николиќ требало да стигне во Министерството. Но, на сите можам да им порачам дека ниту еден автомобил во животот не сум паркирал, бидејќи немам возачка дозвола

Мирослав Тасиќ, државен секретар во Министерството за култура на Србија, е разрешен од должноста поради инцидент кој се случил пред зградата на Министерството, пишува „Блиц“. Имено, Тасиќ се степал со возачот на министерот, Братислав Петковиќ. Очевидци тврдат дека дошло до физички контакт меѓу нив двајца, додека сменетиот секретар тврди дека се завршило со вербална пресметка.

Тасиќ вели дека од медиумите дознал за смената и демантира дека причината за тоа е тепачката.

– Министерот Петковиќ не се осмели ниту да најави дека ќе бидам разрешен ниту ме извести за престанокот на мојот ангажман во Министерството за култура. Дека сум сменет дознав од вас. Слушав разни приказни за евентуалните причини за моја смена, а една од нив е и дека својот автомобил сум го паркирал на место кое било предвидено за гости во моментот кога сопругата на претседателот на Србија, Драгица Николиќ требало да стигне во Министерството. Но, на сите можам да им порачам дека ниту еден автомобил во животот не сум паркирал бидејќи немам возачка дозвола – вели Тасиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top