Старец се удави во Каменичка Река. Мртов е пронајден 80-годишниот Генчо К.
Неговото тело, како и претходниот случај на давење, го пронашле рибари, по што е алармирана и полицијата, пренесува „Старплус“ на ТВ „Стар“.
За една недела ова е втор случај на смрт во Каменичка Река. Претходно таму е пронајдено телото на 85-годишен жител на Македонска Каменица.
Полицијата го истражува случајот, но веројатно е дека се работи за лична одлука на починатиот. Точните причини за смртта ќе треба да ги даде обдукцијата, додава „Старплус“ на ТВ „Стар“.
Фактот што за само една недела Каменица закопа двајца свои сограѓани што починаа на идентичен начин, ја отвора дилемата за животот на старите и немоќни лица, особено на тие, чиишто деца ја напуштиле државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст