Веројатно не сте знаеле дека во коцките мраз кои стојат во ледоматите се наоѓаат многу бактерии.
Иако луѓето со здрав имунолошки систем се отпорни на бактериите во мразот, микробиолозите велат дека не е познато какви последици врз здравјето може да има нивната долгорочна консумација па затоа е потребно ледот да се третира на вистински начин.
Ова се трите опасности кои најчесто се наоѓаат во коцките мраз.
Во апаратите за мраз се акумулираат бактерии. Тие ја загадуваат водата во текот на процесот на замрзнување и создавање на ледот. Ледоматот воглавно се третира како останатите кујнски апарати и не се чистат поради предрасудите дека не се валкани. Меѓутоа, тоа е грешка и дека им требаат редовни третмани на чистење.
Најголемиот виновник за загадувањето на мразот е мувлата. Иако минусните температури не поттикнуваат создавање на мувла, може да дојде до таков проблем ако ледоматот често се гаси. Тогаш доаѓа до топење, до собирање на влага и на крај до создавање на мувла. Ледоматите задолжително треба да се исчистат пред употреба , особено ако долго време биле надвор од употреба.
Бактериите ги сакаат и лопатките за мраз. Ако се допира лопатката за мраз се немиени раце и потоа ја врати во ледоматот, бактериите од рацете преминуваат во апаратот и одат директно на мразот. Истот важи и за домашната подготвка на мраз. Секогаш измијте ги рацете пред да го вадите мразот од садот за замрзнување. Микробиолозите предупредуваат дека мразот може да стане опасен изворт на зарази и затоа со него треба да се биде внимателен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



