| четврток, 6 декември 2018 |

Ципрас ги критикува левичарските противници на договорот за помош

cipras-2
Грчкиот премиер Алексис Ципрас вербално ги нападна оние кои се против договорот за пакетот трета финансиска помош, порачувајќи им „да не се кријат зад сигурноста на неговиот потпис“, јави дописникот на МИА од Атина.

Според „То Вима“, Ципрас со тоа всушност им одговори на критиките изразени од страна на поранешни министри Јанис Варуфакис и Панајотис Лафазанис.

Ципрас, кој ова го изјавил за време на состанокот со неговите соработници, рекол дека „покрај реакциите и херојски изјави, не видел никаков алтернативен предлог на прекумерната дилема што беше изнесена на 12 јули“.

Покрај тоа, грчкиот премиер рекол дека ако алтернативните „левичарски“ планови се планот на Волфганг Шојбле за „привремен грезит“, тогаш поддржувачите на тој план мора отворено да му објаснат на грчкиот народ. Ципрас истакна дека тој бил свесен за одговорноста што ја презема по болниот компромис кој ќе ја задржи земјата во живот.

Откако во Парламентот ќе бидат одобрени неопходните претходни дејствија, фокусот ќе се сврти кон преговори за новиот договор за заем. Според премиерот, Владата има поставено четири главни цели: борба против корупцијата и лични интереси, промовирање на важни реформи и потребните промени во политичкиот систем, промовирање на активности за поддршка на ранливите и слаби социјални групи и привлекување на инвестиции во Грција, за да се надоместат рецесивните трендови во економијата.

На крајот, Ципрас ги повикал членовите на неговата партија да се усогласат со општествените услови и новата реалност, да ја прифатат агонија и очекувањата на десетици илјади луѓе, „со цел преку широка колективна постапка во септември да се решат целите на левата Влада“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top