| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична за директорка на основно училиште

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против З.Х.(57) од Тетово  за злоупотреба на службена положба и овластување.

При контрола на државниот инспекторат во ОСЕУ „8-ми Септември“ во Тетово, утврдено е дека пријавената во својство на директор и овозможила на Ш.Е. без свидетелство од втора, трета и четврта година да полага државен испит по предметите албански и англиски јазик во периодот од 2009/2010 година. Исто така е утврдено дека во наведеното училиште немало главна книга односно не била водена педагошка евиденција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top