| четврток, 6 декември 2018 |

Само христијани, молам! Источна Европа нема желба да прима бегалци

Источноевропските членки на Европската Унија искажуваат незаинтересираност кога станува збор да примат бегалци. Според некои политичари, многу од кандидатите за азил се премногу „туѓи“ за нивните општества. Наместот тоа, тие претпочитаат емигранти христијани, пишува германски „ДПА“.

Кадрите со насилства од Сирија и Ирак, како и со пристигнатите емигранти на бреговите на ЕУ по опасните патувања по Средоземното море, не предизвикуваат особена реакција меѓу источните членки на унијата. Владите во Варшава, Вилнус, Рига и Прага покажуваат невидена солидарност во одбивањето на квотите за бегалци, додека ЕУ се обидува да ги распредели емигрантите.

Унијата сака да изврши притисок врз Италија и Грција, каде десетици илјади имигранти пристигнаа со бродови од Северна Африка и Блискиот Исток годинава. Бројот на бегалци, за кои владите искажуваат готовност за ги примат, е значително помал од предложената квота од Европската комисија за распределување на 40,000 луѓе.

Ако ги прашате владите во централна и источна Европа и во балтичкиот регион, тие сакаат да примат бегалци христијани.

– Ние сепак сме земја која припаѓа на христијанската култура, неодамна изјави Маргус Тсахкна, конзеврвативниот министер за социјални работи на Естонија.

Во Словачка, премерот Роберт Фицо изјави дека е помалку веројатно дека христијаните ќе предизвикуваат стравови меѓу локалното налселение. Тој додаде дека со муслиманските имигранти можат да се обидат да се протнат и терористи.

Словачка е една од земјите со најнизок број на примени кандидиати за азил. Четиринаесет луѓе добиле официјален бегалски статус во последнава година од вкупно предадени 331 молби. Екстремно десните и националистички организации во последниве недели таму демонстрираа против „исламизацијата на Европа“.

Во соседна Чешка, група која се нарекува Блок против исламот, успеа да собере 145 илјади потписи во петиција против муслиманските имигранти.

Чешкиот претседател Милош Земан не еднаш се изјаснил против примањето бегалци од северноафриканските држави, како Либија.

– Бегалците, чие што културно милје е сосема различно, нема да бидат во добра ситуација во Чешка, рече неговиот портпарол.

Според Земан, од друга страна имигрантите кои „се блиски од културна гледна точка“ се источнноевропските Словени и христијаните од Сирија.

Левоцентристичката чешка Влада се согласи да прими 1.500 бегалци откако се спротивстави на планот на ЕУ за распоредување на имигранти по задолжителен принцип. – Владата бара целиот процес да е под нејзина контрола, рече премиерт Бохуслав Соботка.

Затоа новодојдените треба да минат низ проверки и ќе живеат надвор од градските центри, а некои од нив – во изолирани региони во подножјето на Бескидите.

Полска, чие население е трипати поголемо од тоа на Чешка, веројатно ќе прими околу 2.000 бегалци, но за многу Полјаци дури и таа бројка е претерано висока.

Според едно социолошко истражување, кое беше објавено во конзервативниот полски дневен весник „Жечпосполита“, над 70 проценти од испитаниците рекле дека се против тоа бегалци од Африка и од Блискиот Исток да доаѓаат во Полска.

Исто мислење изразуваат 55 проценти од анкетираните во слично истражување направено во Летонија во однос на примањето на такви луѓе во оваа балтичка земја. Дури и претпоставена група на христијани бегалци предизвика негативна реакција меѓу некои Летонци.

Пеесет христијански семејства од Сирија, кои дошле во Полска на крајот од минатата недела, станаа дел од политичките борби во екот на претстојните парламентарни избор на есен.

– Ние Полјаците, исто како и Владата, треба да дејствуваме солидарно кон нашите сонародници надвор нод нашите национални граници, рече конзервативната политичарка Беата Шидло. Ривалката на премерката Ева Копач ги имаше предвид етичните Полјаци во Казахстан, кои според нејзини зборови треба да имаат право да се преселат во Полска

Додека во источноевропските општества кружат изјавите за „туѓи во културна смисла“ бегалци, на други им се напомнува не толку далечното минато кога Полјаците, Чесите и Летонците бегаа на Запад од комунистичките режими.

– Важно е ние, Литванците да не ги закатнчуваме срцата, рече Гинтарас Грушас, апрхиепископот на Вилнус. – Нашите претци, нашите баби и дедовци, исто биле бегалци, додава тој.

Во Полска над 60 невладини организации ги обединија силите за да ги потсетат Владата и општеството на времињата кога Полјаците добиваа помош од други, како и за борбата за својата слобода и демократија со која земјата се гордее.

Тие го напишаа следното отворено писмо кое беше објавено во медумите во јуни: „Ако ја нарекуваме Полска лулка на Солидарност, ако се декларираме дека ги цениме слободата и човековите права, треба да се ангажираме да им помогнеме на оние кои не можат да се вратат во родните земји“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top