| четврток, 6 декември 2018 |

Елена Ристеска поубава и позрела од кога било (ФОТО)

Македонската пејачка наскоро ќе го промовира видеоспотот за песната „Доживотно“, на македонски и на српско-хрватски јазик, со што ја почнува својата борба за музичко освојување на балканскиот пазар.

Елена Ристеска, поубава и позрела од кога било , по учеството на „Твоето лице звучи познато“, паметно ги отвори вратите кон Србија, Хрватска, Црна Гора…

10987451_873939812681905_4834781722099283199_o

 

„Доживотно“ беше премиерно изведена на „Икс-фактор“, што беше само дополнителен плус.

10344181_873939759348577_5604593501742228234_o

– Ниеден успех не е целосен доколку најблиските луѓе не се секогаш тука, кои ви се мотив во животот и кариерата за сите подеми. Можете да бидете на врвот на светот, но без најблиските ќе се чувствувате како да сте на дното. Затоа сакајте се, чувајте се, бидете среќни за да сте сплотени и посилни кога ќе дојдат и тешки денови – вели убавата Македонка, која на сцената е повеќе од 10 години.

11112485_873939762681910_4530085625166089037_o

За шминката и изгледот на Ристеска на оваа фотосесија, како и секогаш, се погрижи нејзиниот пријател и личен стилист Даниел Николовски. Фотографиите се дело на Стефан Николовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top