Повозрасен граѓанин на Скопје доживеал мозочен удар на улица. Веднаш била повикана Брза помош која го пренела болниот до соодветната здравствена установа, објави „Здравство 24“.
Како последица на пеколните горештини што ја зафатија земјава, екипи на Брза помош интервенирале и во институција каде што се онесвестила девојка, која за кратко време била стабилизирана.
Другите интервенции на службата, како што велат оттаму, се исти како и претходните денови. Јавувања на хронично болни на кои високите температури им создаваат дополнителни проблеми и пациенти со висок крвен притисок. И на „Ало докторе“ зголемениот број на јавувања е за совети со справување со топлото време.
Лекарите велат остануваат стандардните препораки до граѓаните – Да не се излегува без потреба во периодот од 11 до 17 часот, повеќе течности, лесна храна, соодветна облека и заштитни средства. Хронично болните да ја земаат пропишаната терапија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст