Најдобриот фудбалер на двомечот од второто квалификациско коло за Лигата на шампионите меѓу Вардар и АПОЕЛ, голманот Томе Пачовски рече дека во следната рунда се пласира поискусната, но не подобрата екипа.
– Одигравме уште еден тежок натпревар против силен противник како што е АПОЕЛ. На реваншот и ние создадовме неколку шанси и доколку некоја од нив успеевме да реализираме и први да поведеме, тогаш ќе беше многу поразлично. Можеби нивниот гол беше од „офсајд“, ама што е тука е. Кога го примивме голот беше веќе потешко да се игра. На крајот како клучно се покажа нивното искуство и голем број одиграни вакви натпревари. Ние ќе чекаме друга шанса, истакна чуварот на мрежата на „црвено-црните“.
Вардар синоќа на Арена „Филип Втори“ одигра 1:1 против шампионот на Кипар АПОЕЛ и по 0:0 на дуелот во Никозија, Кипраните одат во 3.коло од квалификациите за ЛШ поради голот постигнат на гостински терен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст