| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца шпански новинари исчезнаа во Сирија

Тројца шпански новинари се сметаат за исчезнати во Сирија и се верува дека се киднапирани, објавија денеска шпански медиуми.

Новинарите Антонио Пампилега, Хосе Мануел Лопез и Анхел Састре – сите тројца – „фриленсери“, се занимавале со истражувачко новинарство во северниот град Алепо.

– Не сме се слушнале со нив од 10 јули кога влегоа во Сирија од Турција, изјави Елса Гонзалес, пеф на Шпанската новинарска асоцијација.

Таа потсети дека тројца шпански новинари беа киднапирани пред една година во област близу Алепо

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top