Чудесната генерација на прилично ниските играчи на Барселона, во текот на последната деценија, фрли сенка врз оние највисоките момци, кои имаат сосема различен спектар на можности на фудбалскиот терен.
Проблемот, кој обично од самиот почеток ги елиминира повеќето двометраши, е недостатокот агилност и брзина, кои се многу важни во фудбалот. Сепак, постојат неколку навистина специфични случаи, фудбалски гиганти, кои и покрај својата огромна висина, ги имаат сите потребни вештини за да бидат одлични играчи, што и се. Останатите високи момци кои професионално се занимаваат со фудбал обично се голмани, чија сама позиција бара малку повисок раст.
10. Костел Пантилимон, голман во Сандерленд и на романската репрезентација, 203 см
9. Евен Иверсен, Норвешка, 203 см
8. Ојвинд Хоас, напаѓаш вп норвешки Хонефос, 203 см
7. Ласин Траоре, напаѓач во Монако, 203 см
6. Џејсон Муни, голман во Акрингтон Стенли, 204 см
5. Тор Хогне Арој, норвешки напаѓач, 204 см
4. Јанг Чангпенг, кинески фудбалер, 205 см
3. Вања Ивеша, голман во ФК Опатија, 205 см
2. Пол Милар, шкотски фудбалер, 207 см
1. Кристоф Ван Хут, голман за Вестерло, 208 см
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.