За разлика од загубеноста, која е повеќе резултат на загубените координати на насоките и целите на активноста, детерминирана од вашата волја, втемелена на идеали, преференци и планови, изгубеноста е состојба на помало или поголемо отсуство на имагинација.
Всушност, оваа изгубеност е позицијата на НВО-секторот, координиран, усмеруван и употребуван од најголемата опозициска партија која во процесот за детронизирање на курентниот владетел на „Македонија вечна“, станува сè помала и помала.
Би рекол дека оваа „издишана револуција“ која само што не испарила од жешкиот асфалт на летното постмодерно Скопје, е резултат на тоталното промашување во контекстот на искреното, умното и праведното водење на револуционерниот процес, при кој етиката и естетиката на современите идеолошки парадигми на општествените структури, заинтересирани за промени во хиерархиите на власта, ќе се соединат во една конзистентна платформа која консеквенто ќе воспостави моќ врз масите и ќе ги усмери кон целите, фокусирани на преземање на кормилото на државата.
Но вакво нешто не се случи, иако во еден момент беа на дофат да го иницираат меѓуетничкиот конфликт во Македонија. Еднаш им успеа во 2001 година.
Ова повикување на бунт на бившите терористички групации, контролирани од Гросе гелибтер, не успеа на негова голема жалост, но, исто така, и на жалоста преголема на, сега веќе пропаднатите револуционери. Нивната тага нема граници, шансата за успешна револуција се дава само еднаш во животот. Сега ја пропуштија и таа нема да се врати. За нив веќе никогаш.
Знам дека сте папсани, но и покрај тоа верувате, со целиот ваш инает, дека можноста да направите преврат во државата наскоро пак ќе ви се укаже. Можеби ќе дојде некој „тешкаш“ од Америка и ќе донесе „коперникански пресврт“, но тоа нема да се случи. „Тешкашот“ е веќе во К.О.
Тој нокаут се случи во Куманово, но вие немате очи да видите, ниту, пак, уши да слушнете. Мислите дека сте ја воделе играта и дека вашиот ентузијазам и мотивираност го импресионирале Големиот гелибтер, на кој везден се повикувате и кого го очекувате со широко отворени очи како параноични зајци, збутани во грмушка околу која се мува глутница волци.
Но, да ви ја кажам болната вистина како совесен граѓанин – за Големиот гелибтер вие сте веќе потрошени. Немавте капацитет да влезете во неговиот Danse Macabre и сега се чудите, што е со ГГ? Зошто доцни? Каде е, по ѓаволите? Та, нели ни вети помош? Ни вети дека ќе ги активира сите свои ресурси во регионот и заедно ќе победиме. Тие ќе нападнат врз столбовите на системот и врз цивилите-поддржувачи на режимот, однадвор со брутална милитарна терористичка сила и ќе нè поткрепат пропагандно и дипломатски, а ние треба да ’ргнеме од внатре и ќе ја преземеме власта, а потоа ГГ ќе застане зад нас во интернационалните институции и работата е готова.
Но, каде погрешивме?
Па, направени се многу грешки. Како прво, не ги проценивте прецизно силите на теренот, потресени и возбудени од преземањето на власта, илузија која ја создадовте од претераната фокусација на авторитетот на Големиот гелибтер и вашата плитка самољубивост, која константно ве фрла во фаталната прелест дека имате монопол над вистината и дека вашиот супериорен ум има најтемелен увид во објективната стварност.
Но, тоа, напросто, не е така и сега на ред доаѓа големата лекција, а таа се состои во траорниот судир со вистината, пред која сте само банда сомнебулни парадери, неспособни за било каква релеванта општествено-политичка акција и дека сте мизедрни губитници во очите на историјата.
Впрочем, како победниците ја пишуваат историјата, така и вашата кауза ќе биде портретирана од оние што ве разнебитија и поразија, а тоа е сликата за вас која ќе биде изложена во музејот на историската наука.
Таа слика е полна со гротескни ликови што лудеат во хистерична агонија поради ужасната фрустрација што доаѓа од вашата потполна импотенција да се спроведе вистинска револуција, да се урне „нечовечкиот режим“ кој ве урниса и вас и вашите манијакални илузии. Конформизмот, кој ја уништува секоја револуционерна детерминираност, е вашата суштинска одлика. Фрлањето бехатон-плочки по полицијата е најрадикалниот ваш дострел, а, потоа, кога полицајцијте, конечно, добија наредба да делуваат, вие се разбегавте како бројлери во темницата.
Потоа се собиравте пред Владата, но вашиот број беше десет пати помал од оној кој го покажаа вашите политички опоненти, ден потоа, на митингот на владејачката коалиција пред Собранието.
Тогаш Големиот гелибтер ве преброја и сфати дека сте минорни.
Тешко му е на ГГ да ја игра оваа игра со вас. Неговите позиции се разнишани, довербата во голема мера загубена кај македонскиот народ, во зоната на конфликтот се вовлекоа огромен број агенти на тајните служби што работат против Големиот гелибтер.
Сега, токму тој, ваш ГГ гледа дека сте жив зијан и дека понатамошната соработка со вас серозно ги загрозува неговите интереси во државава.
И немојте да го обвинувате кутриот Голем гелибтер за вашиот неуспех, тој даде сè од себе, секако, во рамките на подносливото. Но, вие, едноставно, немате харизма и мотив, а немате ни сила интелектуална, ниту имагинација за било каков пресврт.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст