Сепаратистите во Каталонија соопштија дека се подготвени да прогласат еднострана независност во случај Мадрид да се обиде да го блокира процесот на отцепување.
Тие се надеваат дека ќе го покренат тој процес доколку бидат успешни регионалните избори во септември.
Конзервативната влада во Шпанија остро се противи на независноста на богатиот северноисточен регион Каталонија, која сака да го следи примерот на Шкотска и да се изјасни за својата политична иднина.
Шпанскиот министер за правда Рафал Катал изјави за конзервативниот весник „АБЦ“ дека не може да се исклучи суспензија за регионалната автономија доколку почне процесот на отцепување, додавајќи дека во Уставот на Шпанија постои таква одредба.
– Каталонија нема да биде независна – изјави во четвртокот шпанскиот премиер.
Горди на својот каталонски јазик и култура и економска моќ, бидејќи стопанството на Каталонија практично ја чини петтина од шпанската економија, 7,5 милиони Каталонци со години бара повисок степен на автономија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст