Клима-уредот може да биде и отров и лек. Важно е да знаете кога и како да го користите овој апарат.
Важно е да не правите „фрижидер“ од вашиот стан, канцеларија или автомобил.
Разликата меѓу температурата во просторијата и надворешната температура не треба да биде поголема од 10 Целзиусови степени, идеално е пет степени поладна просторија.
Но, ова правило не важи ако надвор е 40 степени, како деновиве. Тогаш температурата се поставува меѓу 21 и 26 степени. Под 21 степен веќе е екстремно ниска температура, која не е добра за здравјето.
Посебно треба да се внимава при влегување и излегување од топло на ладно и обратно.
Кога се излегува на отворено, треба да се исклучи климата и да се почека 10 минути, па да се излезе надвор. Обратно, кога се влегува дома, да не се вклучува веднаш клима, туку да се почека 10 минути за телото да се стабилизира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.