Владата обезбеди нови субвенции за работодавците. Тие ќе добиваат шестмесечна субвенција за бруто-плата, а ќе имаат обрска работникот да го задржат на работното место дополнителни шест месеци.
Државната субвенција ќе се исплаќа во два износа – еден понизок за лицата што немаат квалификации и еден повисок за лицата со повисок степен на образование или кои ќе бидат вработени на места на кои се извршуваат покомплексни работни задачи.
Понискиот износ на субвенцијата е месечна бруто-плата од 14.900 денари по вработено лице, а повисокиот износ на субвенцијата е месечна бруто-плата од 17.000 денари по вработено лице и овие износи ќе се исплаќаат во текот на првите шест месеци од периодот на субвенционирано вработување. Дополнително на ова, во текот на првите 6 месеци од периодот на субвенционираното вработување, на работодавецот ќе му се исплаќаат по 5.000 денари по вработено лице преку оваа програма и ќе бидат наменети за покривање на трошоците за обука и за материјали.
-Со оваа мерка работодавците ќе можат да добијат или 22.000 или 20.000 денари државна помош на месечно ниво на ангажирање на еден работник во траење од шест месеци. Ќе имаат обврска по тие шест месеци да го задржат работникот на работа уште дополнителни шест месеци. Апелираме работодавците да ја искористат оваа можност, постои обем на средства што овозможува финансирање на уште 100 дополнителни вработувања. Со едноставна пријава до АВРМ работодавецот може да аплицира и воедно да го наведе лицето, профилот на работникот што му е потребен. Тој може самиот да го предложи лицето кое сака да го вработи, а доколку нема таков предлог тогаш АВРМ ќе му обезбеди профил на кадар што му е потребен да го ангажира – истакна владиниот портарол Александар Ѓорѓиев.
Оваа мерка отвора можност за вработување на корисиницит на социјална парична помош, лица кои до 18-годишна возраст имале статус на деца без родители и родителска грижа, корисници на програмата Условен паричен надоместок за средно образование, членови на семејства корисници на едно од следниве права: постојана парична помош и детски додаток.
Во целната група што може да се вработат преку оваа програма се и жртви на семејно насилство, кои се сместени во шелтер центри или чиишто месечен семеен приход по член на семејство во годината пред годината во која аплицираат е понизок од 50% од последната просечна нето плата објавена од Државниот завод за статистика.
Лица што биле корисници на државна стипендија во последните 15 години и чиишто месечен семеен приход по член на семејство во годината пред годината во која аплицираат е понизок од 50% од последната просечна нето плата објавена од Државниот завод за статистика или лица до 29 години чиишто месечен семеен приход по член на семејство во годината пред годината во која аплицираат е понизок од 50 проценти од последната просечна нето-плата објавена од Државниот завод за статистика, исто така може да се вработат со оваа програма.
Од Владата информираат дека користењето на мерката нема рок, но подобро е заинтересираните работодавачи да се пријават побрзо затоа што има простор и средства за реализација на уште околу 100 вработувања
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст