| четврток, 6 декември 2018 |

Државјанин на Турција и Холандија екстрадиран во САД за тероризам

Државјанин на Турција и Холандија, обвинет за собирање средства и врбување во Европа на борци за исламска екстремистичка група, активна во Авганистан, е екстрадиран во САД и обвинет за тероризам, соопшти американскиот Стејт департмент, пренесе МИА.

amerika zatvor

Ирфан Демирташ (56), кој е обвинет за обезбедување на материјална поддршка за „Исламското движење на Узбекистан“, вчера беше изнесен пред суд во Федералниот округ Колумбија.

Демирташ, познат и како Насрулах, е уапсен во Германија во јануари со меѓународна потерница за апсење од Интерпол, а екстрадиран во САД на 17 јули. Тој е осуден во отсуство во декември 2011 година за активности, што ги вршел како жител на Холандија, во Пакистан, Авганистан, Турција, Јордан, Холандија, Франција и други земји.

Организацијата, која се нарекува „Исламска партија на Туркестан“, е призната за терористичка во САД и во Русија. Демирташ се соочува со затворска казна до 70 години.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top