Европската унија се согласила да му помогне на Тунис во борбата против исламските екстремисти и да го поддржи земјоделството во таа земја, вклучувајќи и зголемување на квотите за количини на маслиново масло што смее да се продава на европскиот пазар.
Неколку модели на соработка се договорени за време на средбата на шефовите на дипломатијата на ЕУ со премиерот на Тунис Хабиб Есид.
Во соопштението, министрите на ЕУ изразиле солидарност со таа северноафриканска земја во која минатиот месец во терористички напад во туристичкото место Сус беа убиени 38 туристи, главно граѓани на ЕУ.
Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини изјавила дека е во интерес на самите Европејци да му помогнат на Тунис и на демократски избраните власти на таа земја.
На состанокот на министрите на ЕУ е разгледана и ситуацијата во Либија, каде што, наводно, во кампови на џихадистите се обучуваат многу вооружени екстремисти, кои потоа се инфилтрираат во Тунис. ЕУ се надева на воспоставување на националната влада во Либија со која би можела да биде постигнат договор за мерките за намалување на бројот на мигранти кои од брегот на Либија испловуваат за Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.