| четврток, 6 декември 2018 |

Посебен режим на сообраќај поради натпреварот Вардар – АПОЕЛ

arena filip vtoriПоради натпреварот Вардар – АПОЕЛ денеска ќе биде воведен посебен сообраќаен режим, соопшти МВР.

Од 17 часот  ќе биде затворен потегот од крстосницата на улиците „Аминта III“ – „Јордан Хаџикостантинов – Џинот“ кон Националната арена „Филип II Македонски“. Кон стадионот ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници.

По 18.30 часот, во зависност од интензитетот на сообраќајот,  ќе се ограничи приодот со возила од булеварот „Илинден“ кон стадионот. На крстосниците по булеварот „Илинден“ ќе се врши селективно пропуштање возила кон стадионот. Во попладневните часови ќе се преземаат мерки за расчистување на сообраќајниците и на паркинг-просторите околу стадионот, како и дислоцирање на затечените возила.

По повод натпреварот, навивачката група на фудбалскиот клуб Вардар – „Комити“, како зборно место за своите членови го одреди платото пред соборниот храм „Св.Климент Охридски“ во 17.30 часот, од каде што пеш ќе се упатат кон градскиот парк по булеварот „Св.Климент.Охридски“, лево по булевар „Илинден“, десно по улицата „Наум Наумовски – Борче“ кон фонтаната во градскиот парк. За време на движењето на навивачите ќе се преземаат мерки за физичко регулирање и пренасочување на сообраќајот.

МВР апелира сите граѓани, учесници во сообраќајот, да бидат стрпливи, да ги почитуваат правилата и прописите, да се однесуваат совесно и хумано грижејќи се за сопствената и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот, како и да ги паркираат возилата на дозволените паркинзи. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top