За добар секс и максимално уживање не секогаш се потребни луди пози или жешки експерименти. Овие три „потези“ може да ви звучат чудно, па дури и смешно, но баш тие гарантираат поголемо задоволство за време на сексот, советува „Задоволна.хр“.
1. Пијте повеќе вода.
Дехидратација не делува добро за вашето либидо, значително ја намалува сексуалната желба, а исто така предизвикува сувост во интимната област. Затоа, никако не заборавајте на водата.
2. Носете чорапи.
Чорапи на партнерот обично и не е она што „пали“ кај жените, дури е и меѓу најчестите жалби во сексот. Меѓутоа, токму чорапите се едни од најдобрите трикови за одличен секс.
Експертите откриле дека топлите стапала го смируваат делот од мозокот одговорен за стравот и анксиозноста. Така, покрај тоа што чорапите ќе ви ги згреат нозете, ќе ве смират и опуштат, па така полесно ќе постигнете оргазам.
3. Користете перница.
Кога тоа ви го дозволува позата, ставете перница под задникот и долниот дел на грбот, за да ги подигнете колковите и на тој начин да го смените аголот на пенетрација. Оваа мала промена, всушност, прави голема разлика, бидејќи така ќе ја „погодите“ партнерката на сите на вистински места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.