| четврток, 6 декември 2018 |

Куба отвори амбасада во САД, следниот месец Кери ја отвора американската во Хавана

Со истакнување на кубанското знаме пред зградата на Амбасадата на Куба во Вашингтон, денеска по пауза од 54 години повторно беше отворено дипломатското претставништво на оваа држава во главниот град на САД.

На цермонијата на кревање на знамето присуствуваше и кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез, кој престојува во посета на САД.

Набрзо по отворањето на кубанската Амбасада во Вашингтон, Стејт депертаментот соопшти дека американскиот државен секретар Џон Кери на 17 август ќе ја посети Хавана, каде ќе присуствува на официјалалнта свечена церемонија на отворање на Амбасадата на САД во Куба.

Тоа ќе биде прва посета на еден шеф на американската дипломатија на Куба по цели 70 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top