| четврток, 6 декември 2018 |

Пожар кај велешките села Чолошево и Дурутовец

Голем пожар беснее во атарот на селата Челошево и Дорутовец, информираат од Противпожарната единица (ППЕ) во Велес.

pozar1_0

Илустрација

 

Пожарот кај нив бил пријавен попладнево   во 14 часот и 40 минути кога на терен заминале две екипи со три противпожарни возила   на ППЕ, како и екипа на ЈП Подружница Шумско стопанство „Бабуна“ од Велес. Според информацијата од ППЕ тие се уште се на терен и  се  борат со огнената стихија со која е зафатена   поголема површина под бор и чемпрес.  Во гаснење на пожарот веќе се вклучуваат и жителите од овие села, кои се загрижени со пожарот да бидат зафатени и нивните    лозја и ниви со тутун.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top