Дебати, работилници, изложби, проекции на филмови, концерти, дружење и поттикнување на размислувањата и делувањата на полето на уметноста и културата ќе бидат дел од третото издание на Фестивалот за процесирање култура „ДримOn“кој ќе се одржи од 22 до 26 јули во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.
Креативното јадро на Здружението Иницијатива за независен културен активизам (ИНКА) на свој грб го носи и третото издание на фестивалот, чие мото е „На мускули“.
– Од ова издание на „ДримОn“ очекувам да ги набилдаме мускулите уште повеќе за да можеме да нурнуваме подлабоко и да опстојуваме онаму каде што ни е местото. Веруваме и дека тоа ќе го препознае заедницата и сите околу нас што, сега нè набљудуваат чудно – вели Горан Ристовски, претседател на ИНКА и еден од групата креативни млади луѓе кои го организираат „ДримОn“.
Фестивалот ги обединува добрите и корисни иницијативи кои имаат цел да го раздвижат и поттикнат културното живеење во градот покрај Дрим. Создаден од активистички пориви на група млади уметници, кои ентузијастички решија своите креативни капацитети да ги насочат кон петдневен фестивал со силна програма, „ДримOn“ става акцент на независната уметничка и културна сцена, на новите движења, активизмот, граѓанското делување и секако, дава дополнителна, за некого, суштествена, свежина во летниот период на струшката туристичка сезона.
Ристовски рече дека забележале оти со ова трето издание, публиката веќе го препознава фестивалот.
– Се прочул од претходните години како некаков бренд или производ на нашата ентузијастичка занесеност и упорност. На многумина им изгледа налудничаво и нереално она што го правиме, имајќи предвид дека не сме поддржани финанскиски или материјално од Министерство за култура, ниту од било каква помош од страна. Единствено Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ безрезервно ги отставува просториите за секакви подвизи што ќе ни паднат на памет, а имаме и симболична финансиска помош од градоначалникот на општина Струга, Зијадин Села – објаснува Ристовски.
Кристина Тодороска – Петреска, која е дел од тимот на ИНКА и на „ДримOn“ вели дека очекуваат повеќе публика,поголем одзив и интерес за програмата.
– Така ќе почувствуваме дека од година во година интересот за независната сцена расте. Ако тоа се случи, тогаш, она, „на мускули“ ќе има смисла. Ќе има смисла и тој стремеж – во вонредни услови да останеш стимулиран, мотивиран и да продолжиш во овој вртлог каде играчите како нас се игнорирани и оставени сами да се снаоѓаат– вели таа.
Тодороска – Петреска додава и дека се надеваат дека со ова, трето издание, ќе добијат појасна слика за тоа што ќе се случува понатаму.
– Имаме нови млади уметници во ова издание, многу поквалитетни креативни работилници за танц и дизајн, со многу современ пристап. Дискусиите се панелски за да поттикнат различни видувања на различните теми, а во нивниот фокус секако се прашањата за независната сцена, и кои се чекорите истата да не исчезне– објаснува таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст