Австријците имаат помала доверба во Европската унија отколку пред пет години, се вели во резултатите од анкета на виенскиот неделник Профил.
Дури 70 отсто анкетирани навеле дека денес има помалку доверба во ЕУ отколку пред пет години.
Само два отсто се изјасниле дека денес повеќе и веруваат на ЕУ отколку пред пет години, а 25 отсто тврдат дека имаат иста доверба во унијата како и пред кризата во Грција.
Непосредно по глобалната економска криза Австријците имаа зголемена доверба во обединета Европа, но Грција и евро-кризата предизвикаа нов пад на довербата во ЕУ, наведува весникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.