| четврток, 6 декември 2018 |

За мечот Вардар – АПОЕЛ: Од денеска влезници на билетарниците на арената „Филип Втори“

Билетите за мечот Вардар – АПОЕЛ се веќе пуштени во продажба на сите продажни места на „МК тикетс“. Интересот е сѐ поголем, влезниците се продаваат во сѐ поголем број, а од денес сите заинтересирани можат да набават билети и на новите билетарници на Националната арена „Филип Втори“.

APOEL-VARDAR-DRAW-710x331

Билетарниците се наоѓаат меѓу јужната и источната трибина на стадионот, а работното време е од 12 до 20 часот в понеделник, и во вторник ќе работат од 10 до 20 часот. Цената е многу популарна, и чини само 100 денари.

Освен на билетарниците на Националната арена „Филип Втори“, сите заинтересирани можат да набават влезници преку интернет на mktickets.mk, како и на следниве продажни места:

Продажните салони на „Оне“ во: Скопје (Рамстор, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО центар, Скопје сити мол) Куманово, Тетово,Гостивар, Битола 01, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија.
Југотон ГТЦ 1 кат
Универзална сала – Скопје
Тобако – МПМ ПРЕС
Тобако Дрводекор
Тобако 2 – Скопјанка
Тобако супер 8
Њу тобако – Охрид,
Алпине спорт – Тетово
Оранж тобако – Тетово

Во продажба се пуштени и 250 ВИП билети, кои чинат по 500 денари и кои може да се купат преку интернет на mktickets.mk и на следниве продажни места:

Југотон ГТЦ 1 кат
Универзална сала – Скопје
Тобако – МПМ ПРЕС
Тобако Дрводекор
Тобако 2 – Скопјанка
Тобако супер 8

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top