
Владата на кралството на Шпанија ги награди Икер Касилјас и Чави Ернандес за долгата и успешна кариера во нивните веќе поранешни фудбалски клубови Реал Мадрид и Барселона.
Искусните Касилјас и Чави добија шпански кралски ордени за спортски успеси.
Чави по 17 години минати во Барселона се пресели во катарскиот Ал Сад, додека Касиљас го засили португалскиот клуб Порто.
Тие двајца шпански фудбалски репрезентативци и надвор од теренот се добри пријатели.
Исто така, беа членови на тимот на Шпанија што го освои Светското првенство во 2010 година, како и Европското првенство 2008 година и во 2012 година.
По тие фудбалски успеси Шпанците заслужено беа наградени со спортски признанија од фондацијата на принцот од Астурија.
Касилјас сѐ уште игра за репрезентацијата на Шпанија, додека Чави се пензионираше минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


