Грчките банки утре очекуваат дека ќе има големи редици пред нивните врати. Сепак веруваат дека нема да имаат проблеми откако после три недели повторно отвораат.Според информациите од јужниот сосед подигнувањето на готовина ќе биде ограничено, а ќе има и контрола на капиталот. Секој Грк ќе може да извади и по повеќе од 60 евра дневно, но не повеќе од 420 евра неделно.
Целта на утрешното „внимателно“ отворање на банките и зголемувањето на данокот на додадена вредност на услугите во рестораните, јавниот транспорт е за да се врати довербата во земјата и надвор од неа откако беше постигнат договор за спроведување реформи во замена за помош.
Шефицата на Асоцијацијата на грчки банки, Лука Кацели, упати апел Грците да вложуваат пари во банките.
– Утре кога банките повторно ќе отворат и кога ситуацијата ќе се нормализира треба сите да и помогнеме на економијата – посочи таа и додаде:
-Ако ги извадиме парите од „под душек“ и ги вложиме во банките ќе ја зајакнеме нивната ликвидност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст