| четврток, 6 декември 2018 |

Митови за жените што сакаат секс без обврска

секс

Луѓето имаат тенденција да измислуваат факти и да ствараат стереотипи. Митовите за женската сексуалност со години се табу тема и крајно време е да се промени застарениот поглед кон жените што имаат многу секс. Еве три најчести предрасуди за жените што сакаат секс без обврски.

1) Жените што имаат многу секс се „лесни“

Жените што често имаат секс без обврски имаат и повеќе стандарди кога се работи за изборот на маж со кој ќе завршат в кревет. Жените со повеќе искуство в кревет секако нема да прифатат да заминат со оние мажи што не изгледаат добро.

Тука мажите и жените многу се разликуваат бидејќи мажите имаат обичај да го спуштат стандардот кога бараат девојка за секс, а пребирливи се кога е во прашање потенцијална врска.

2) Многу секс – малку самодоверба

Иако доказите покажуваат дека мажите и жените што имаат емоционални проблеми често практикуваат секс без обврски, честото менување на сексуални партнери не е причина за нивниот проблем, туку спореден ефект, Жените што имаат секс без обврски, а се со добро психичко здравје, често имаат многу повеќе самодоверба и повеќе се ценат себеси.

3) Жените што имаат многу секс имаат проблеми со врзувањето

Истражувањата покажуваат дека и мажите и жените подеднакво бараат љубов и партнер со кој ќе го поминат остатокот од животот. Студиите исто така покажаа дека кога има недостаток од секс во односот, особено во долгите бракови, жените не се оние што изневеруваат од незадоволство, туку мажите.

Исто така кога се работи за сексуално задоволство, жените имаат подобар и посилен оргазам со партнерот со кој се во долга врска отколку со некој со кој поминале само една вечер. Единствен одговор на тоа зошто жените изневеруваат не се крие во возбудувањето или истражувањето нешто ново, туку затоа што бараат подлабока поврзаност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top