Слаткаристика и Љубојна го отворија овогодинешниот ПивоФест, а потоа следуваше ѕвездата на вечерта Саша Ковачевиќ. Следниот ден неколку илјадната публика пред главната бина на Пивофест се загреваше со настапите на Заа и Радио актив, а потоа на сцената се појавија момците од ДНК.
Кулминација на вечерта беше енергичниот настап на култната група Прљаво Казалиште кои со своите стари познати хитови ја забавуваа публиката до раните утрински часови.
Во саботата со големата забава на музичките ѕвезди Наум Петрески, Неда Украден и Оливер Драгоевиќ, градот беше преполн со гости. Имаше околу 100.000 гости и фестивалската вечер помина мирно и без никакви инциденти. Сообраќајот се одвиваше без проблем. Плоштадот и 30-ината штандови со пиво и скара беа претесни да ги примат посетителите.
Денеска е последна вечер. За забавата на гостите од земјава и од странство се заолжени Ален Хасановиќ, Гоца Тржан и Дино Мерлин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст