| четврток, 6 декември 2018 |

Што значат неговите допири

Не е лесно да се дешифрираат допирите на мажот и да се открие каква порака ви испраќа преку нив. Еве мал водич што ќе ви помогне во тоа.

1. Лице

Доколку ги допира вашите образи или било кој друг дел од вашето лице, тоа е знак дека сака да биде поблиску до вас, дури и ако го оправдува овој допир како неутрален гест на отстранување на трепка. Ако тој не е заинтересиран за вас, тој веројатно вербално ќе го истакне тоа, а нема да се обиде самиот да ја тргне од вашето лице.

ljubov-2-450x302

2. Коса

Доколку некој ви ја допира косата или ве гали по главата, тоа најверојатно значи дека има некои позитивни чувства кон вас. Тоа е сензуален сигнал кој означува дека момчето ве сака или дека многу го привлекувате.

3. Раце

Времетраењето на допирот рака до рака може да каже многу за неговото значење. Ако момче ја држи подолго вашата рака од вообичаеното, може да има и други намери. Бидете свесни за ова следниот пат кога тој ќе ве допре на било кој начин. А можеби се обидува да ви каже нешто.

ljubov-3-450x299

4. Нозе

Женските нозе за мажите се неверојатно атрактивни. Нежен допир на нозете, особено ако седите и свртени сте кон него, секогаш е начин да се зголеми интимноста. Понекогаш момчето ќе се однесува како случајно да ве допрел. Ова е веројатно начин на тестирање на вашата реакција. Обично, ако тој заклучи дека ви се допаѓа, следниот допир ќе трае подолго, но ќе биде подеднакво нежен.

5. Грб

Допирање на грбот носи порака на поддршка. Ако неговиот допир е во долниот предел на грбот, овој допир има интимно значење. Областа на долниот дел на грбот е навистина чувствителен и доколку момчето ја става својата рака на овој дел од вашето тело, можете да бидете сигурни дека го привлекувате.

ljubov-4-450x300

6. Задник

Доколку момче ве допира по овие области, додека стоите лице влице, ова е јасен показател дека сака да ве повлече поблиску. Немојте да се изненадите ако тој се обиде да ве бакне по овој контакт, особено ако тоа трае повеќе од една секунда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top